МНТ И ТУРСКИ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕ ГИ ОТКАЖАА ПРЕТСТАВИТЕ ЗА ДЕНЕС И УТРЕ

    МНТ И ТУРСКИ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕ ГИ ОТКАЖАА ПРЕТСТАВИТЕ ЗА ДЕНЕС И УТРЕМНТ откажа две изведби на претстави, за вчера и за денес. (Фото: СДК.МК)

    Македонскиот народен театар (МНТ) и Турскиот театар во Скопје ги откажаа претставите за денес и утре, поради убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и вознемиреноста на јавноста.

    МНТ уште вчера ја откажа изведбата на претставата „Кец на десетка“, а откажана е и вечерашната изведба (5 декември) на „Животот е прекрасен“.

    Турски театар соопшти дека ги откажува претставите „Домот на Куклата“ и „Слугинки“ кои требаше да бидат изведени вечерва (5 декември) и утревечер (6 декември). Турски театар е сместен во просториите на Театар Комедија.

    „Авалон“ вчера објави дека концертот на српскиот музичар Бајага и неговиот бенд „Инструктори“, кој требаше да се одржи на 9 декември во салата „Јана Сандански“ во Скопје, е одложен за 23 декември.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира