„МОЈОТ МАЖ“ НА РУМЕНА БУЖАРОВСКА МЕЃУ 100 НАЈВПЕЧАТЛИВИ КНИГИ ЗА 2022 ВО ФРАНЦИЈА

    „МОЈОТ МАЖ“ НА РУМЕНА БУЖАРОВСКА МЕЃУ 100 НАЈВПЕЧАТЛИВИ КНИГИ ЗА 2022 ВО ФРАНЦИЈАКнигата на француски јазик излезе на 8 септемрви, во издание на прочуената издавачка куќа „Галимар“ од Париз. (Фото: „Галимар“)

    Збирката раскази „Мојот маж“ на македонската писателка, професорка и преведувачка Румена Бужаровска е на листата на 100 највпечатливи книги за 2022 во Франција, која ја објави француското книжевно списание „Лир“ (Lire).  Книгата на француски јазик излезе на 8 септемрви, во издание на прочуената издавачка куќа „Галимар“ од Париз. Ова е првпат дело од македонски автор да биде издадено од овој водечки француски издавач што постои 111 години. „Мојот маж“ на француски ја преведе Марија Бежановска.

    „Мојот маж“ е четврта збирка на Бужаровска, а во Македонија во 2014 ја издаде „Или-или“. Досега е преведена на 13 јазици, а следат и преводите на шпански, португалски, бугарски, полски и грчки, а грчкиот издавач „Дарданос“ ќе објави 3 нејзини збирки.

    „Мојот маж“ лани во март излезе и на германски во издание на „Зуркамп ферлаг“ и беше книга на неделата во Германија, според угледниот неделник „Шпигел“. Оваа книга се смета за најуспешно издание од сите регионални автори објавени на германски за територијата на Германија, Швајцарија и Австрија.

    „Мојот маж“ е едно од најчитаните дела во земјава, а има и театарски живот – во 2020 во Драмски театар во Скопје го постави Нела Витошевиќ, Ивана Ѓилас во Словенско народно гледалишче (СНГ) Љубљана и Јована Томиќ лани во Југословенско драмско позориште (ЈДП) во Белград.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира