МУЗЕЈ ВО РОТЕРДАМ ИСТУРИ 360 КИЛОГРАМИ ПУТЕР ОД КИКИРИКИ ВО ЧЕСТ НА ПОЧИНАТ ХОЛАНДСКИ УМЕТНИК

    МУЗЕЈ ВО РОТЕРДАМ ИСТУРИ 360 КИЛОГРАМИ ПУТЕР ОД КИКИРИКИ ВО ЧЕСТ НА ПОЧИНАТ ХОЛАНДСКИ УМЕТНИКНа двајца вработени во музејот им биле потребни неколку дена за да распоредат 40 кофи путер низ шестоаголник од 25 квадратни метри (Фото: АП)

    Музеј во Ротердам истури над 360 килограми путер од кикирики на подот за да му оддаде почит на холандскиот уметник Вим Схиперс, кој почина минатиот месец. Оваа количина путер е доволна за околу 15.000 сендвичи.

    Концептуалниот уметник, кој почина на 83 години, првпат го создал делото „Под од путер од кикирики“ во 1969 година. Тоа било дел од неговата „Серија на подни облоги“, која вклучувала подови покриени со парчиња стакло и со сол.

    Рекреираното дело ќе биде дел од двомесечна изложба во музејот „Бојманс фан Беунинген“ во Ротердам. Вработените во музејот им укажаа на посетителите на отворањето да го следат мирисот, што се ширеше уште од билетарницата, три ката подолу каде што е поставено делото.

    На двајца вработени во музејот им биле потребни неколку дена за да распоредат 40 кофи со путер од кикирики низ шестоаголник од 25 квадратни метри. Тие потоа користеле мистрии за да го размачкаат путерот до дебелина од два сантиметри. Путерот бил дониран од компанијата „Калве“, што го преферирал и самиот Схиперс,

    Уметничката инсталација не е за секого. Знак на влезот во музејот ги предупредува посетителите со алергија на кикирики дека можеби нема да сакаат да влезат во просторот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира