Актерот Гоце Тодоровски, писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, поетот, романсиер, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и писателот академик Божин Павловски се овогодишни добитници на државната награда „23 Октомври“.
Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Македонија.
Свеченото врачување на наградите ќе се одржи на 23 октомври, во 12 часот, во Собранието.