„Непријателот меѓу нас“, семејна драма на Јоргос Цемберопулос ја отвора вечерва (20 ч) првата ревија на грчки филмови во Македонија. Ревијата со 4 играни и еден документарец ќе оди во киното Фросина во Скопје, а ја организира филмскиот фестивал Киненова. Вечерва ќе игра и краткиот „Смоква“ на Николас Коловос кој лани победи на Киненова.
Гостин на ревијата ќе биде грчкиот документарист Христос Каракепелис кој утре (18.30 ч) ќе го престави својот документарен филм „Суровина“, а по проекцијата ќе има сесија прашања и одговори со публиката.
Грчката кинематографија последниве години има најголем подем во регионот, а ревијата во Скопје претставува нова генерација млади грчки автори кои се дел од новиот бран предводен од оскаровецот Јоргос Латимнос и Атина Рејчел Цангари, но кои во земјава не се многу познати.
Утре (20.30 ч) е играниот филм „Среда 04:45“ на Алексис Алексиу, а в четврток (18.30 ч) е „Засекогаш“ на Маргарита Манда, и (20.30 ч) „Ден за бегство“ на Димитрис Бавелас.