ОДЛОЖЕН КОНЦЕРТОТ НА ТАНЕЦ ВО ЧЕСТ НА ВАСКА ИЛИЕВА, ПОРАДИ СМРТТА НА СОЛИСТОТ ДАЛИБОР ЃОШИЌ

    ОДЛОЖЕН КОНЦЕРТОТ НА ТАНЕЦ ВО ЧЕСТ НА ВАСКА ИЛИЕВА, ПОРАДИ СМРТТА НА СОЛИСТОТ ДАЛИБОР ЃОШИЌДалибор Ѓошиќ настапи со пејачката група на концертот на Танец со Националната опера и балет (НОБ) на 27 септември. (Фото: К. Попов)

    Концертот на ансамблот Танец во чест на Васка Илиева, кој требаше да се одржи на 17 октомври во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје, е одложен поради ненадејната смрт на солистот Далибор Ѓошиќ.

    Ѓошиќ, кој беше еден од најистакнатите солисти на пејачкиот ансамбл, почина на 10 октомври на 41 година по кусо боледување.  Од Танец велат оти средствата за купените билети можат да се рефундираат на касата на МНТ, а новиот термин на одржување на концертот ќе биде наскоро објавен.

    Концертот е посветен на 100-годишнината од раѓањето на легендарната македонска пејачка Васка Илиева и е насловен „Песната судбина“.

    Замислен е како ексклузивна гала вечер, при што солистите и ансамблите на НУ „Танец“ ќе изведат 15-ина антологиски песни од нејзиниот богат репертоар, а ќе бидат прикажани и вредни архивски материјали поврзани со животот и делото на Илиева.

    Васка Илиева (1923-2001) е една од најпознатите македонски пејачки на народна музика. Родена во Скопје, својата музичка кариера ја започнала во 1950 токму во Државниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Со својот уникатен стил на изведба, многу брзо станала популарна, одржувајќи голем број концерти низ светот. И денес, нејзините изведби на песните „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“ и „Сестра кани брата на вечера“ се белег со трајни вредности за македонската културна историја.Танец“ и оркестарот на Националната опера и балет сношти во НОБ во Скопје.

    Танец и Националната опера и балет (НОБ) одржаа успешен музичко-сценски концерт наречен „Фолклорно-класична симбиоза“ минатиот месец во НОБ. На овој концерт, во пејачката група настапи и Далибор Ѓошиќ.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира