ОФФЕСТ ПРВПАТ ЌЕ ТРАЕ ПОДОЛГО ОД СКОПСКИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

    ОФФЕСТ ПРВПАТ ЌЕ ТРАЕ ПОДОЛГО ОД СКОПСКИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛМалијката Уму Сангаре е најголемата ѕвезда на годинашниот Оффест и ќе го затвори на 5 јуни

    Музичари од пет континенти ќе настапат на претстојното 17. издание на фестивалот Оффест, кое ќе биде најобемно досега и ќе трае од 31 мај до 5 јуни.

    Со десет изведувачи и со пет фестивалски дена, Оффест оваа година за првпат ќе го надмине и Скопскиот џез фестивал.

    „Ова е веќе 17. издание на фестивалот и не само што успеваме да го одржиме нивото на квалитет, туку и го надградуваме. Оваа година ќе има пет вечери, една повеќе од Скопскиот џез фестивал и десет изведувачи, што е најмногу досега. Изведувачите доаѓаат буквално од сите меридијани“, вели директорот на Оффест, Оливер Белопета.

    Поголемиот дел од програмата ќе се одржи во Денсинг салата на Младински културен центар, но настапи ќе има и во кино Фросина, клубот „Епицентар“ и во Македонска опера и балет, каде што фестивалот ќе финишира на 5 јуни со концертот на Малијката Уму Сангаре, за којашто Белопета кажа дека желба му било одамна да ја донесе.

    Фестивалот в четврток го отвораат Џупитер и Оквес од Конго, по што следуваат „Фајтинг виндмилс“ и „Диртмјузик“ на 1 јуни, Офичина Зое, „Ифрикија електрик“, Гаје Су Акјол и диџеј Мукамбо на 2 јуни и „Бармер бојс“ и „Транс-аеолијан трансмишн“ на 3 јуни.

    Картите се по цена од 500 денари, додека за Уму Сангаре се движат од 1.200 до 1.500 денари. Блок-карта за сите вечери, со исклучок на Сангаре, е 1.500 денари.

    Г. КОНЕВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира