Изборот на новиот Џејмс Бонд официјално започна, по години исчекување и шпекулации кој ќе го наследи Даниел Крег како 007.
„Потрагата по следниот Џејмс Бонд е во тек“, соопшти студиото „Амазон МГМ“.
Аудициите се одржуваат во последните недели, според холивудскиот медиум „Вараети“.
„Иако не планираме да коментираме специфични детали за време на процесот на кастинг, возбудени сме што ќе споделиме повеќе вести со фановите штом ќе дојде вистинското време“, додаде „Амазон“.
Поминаа пет години од објавувањето на „Нема време за умирање“, последниот филм на Крег како познатиот шпион и 15 месеци откако „Амазон МГМ“ ја презеде контролата врз франшизата. Студиото веќе објави дека следниот филм ќе го режира Денис Вилнев, а сценариото ќе го напише креаторот на „Пики Блајндерс“, Стивен Најт.
Како фаворити за улогата на Џејмс Бонд досега се споменуваа Калум Тарнер, Џејкоб Елорди, Харис Дикинсон, Хенри Кавил, Арон Тејлор-Џонсон и Тео Џејмс. Кој и да биде избран, ќе биде седми Џејмс Бонд во 64-годишната историја на серијалот.
Засега не е познато кога излегува 26. филм за Џејмс Бонд.



