ОРДЕНОТ НЕ Е ЗА МЕНЕ, ТУКУ ЗА МОБ, ЗГРОЗЕН Е ДУРЛОВСКИ

Се извинуваме за евентуални непријатности што ги објавуваме фотографиите од денешната свеченост кај Иванов, на кои се и учесниците од настаните во Собранието на 27 април

    ОРДЕНОТ НЕ Е ЗА МЕНЕ, ТУКУ ЗА МОБ, ЗГРОЗЕН Е ДУРЛОВСКИИгор Дурловски го прима орденот за заслуги за Македонија како директор на МОБ. (Фото: претседател.мк)

    Директорот на Македонска опера и балет Игор Дурловски реагира на текстот „Иванов му даде орден за заслуги на Дурловски“ и го обвинува нашиот портал дека меша баби и жаби.

    Во текстот што го демантира Дурловски, наведено е дека тој го примил орденот во име на МОБ.

    Во дописот, насловен демант, тој пишува дека е згрозен и објаснува дека „д-р Ѓорге Иванов, НЕ МУ ДАДЕ ОРЕДЕН (sic) ЗА ЗАСЛУГИ НА ДУРЛОВСКИ, туку Директорот на Македонската опера и балет, г-дин Игор Дурловски, во името на вработените на Македонската опера и балет ГО ПРИМИ Орденот за заслуги за Македонија“. Тој демантира дека орденот е даден по повод 9 мај, денот на победата над фашизмот, „туку, ПО ПОВОД ДВА ЗНАЧАЈНИ ЈУБИЛЕИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ОПЕРА И БАЛЕТ И ЗА РЕБУБЛИКА (sic) МАКЕДОНИЈА, 70 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ И 45 ГОДИНИ ОПЕРСКИ ФЕСТИВАЛ, „Мајски оперски вечери“!“

    Дурловски бара да се извиниме за дезинформацијата или во спротивно ќе сме се виделе на суд.

    На свеченоста кај Иванов беше и министерката Канческа Милевска која на 27 април ги пречекуваше напаѓачите во Собранието.

    Се извинуваме што со изборот на фотографијата, на која се гледа како Иванов му дава орден за заслуги на Игор Дурловски, можеби сме предизвикале непријатности кај нашите читатели и вработени во МОБ.

    Игор Дурловски е еден од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, чиј протест на 27 април прерасна во организиран напад во Собранието, при што беа повредени над 100 пратеници, новинари, полицајци и граѓани.

    Се извинуваме што ги објавуваме фотографиите од денешната свеченост кај Иванов, на кои се и учесниците од настаните во Собранието на 27 април.

    На доделувањето на наградата во претседателската вила присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која на 27 април во улога на пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се гушкаше со маскирани лица и други напаѓачи што подоцна им ги скршија главите на лидерот на парламентарното мнозинство Зоран Заев, нејзината колешка Радмила Шеќеринска и други пратениците од мнозинството, а лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села го претепаа речиси до смрт.

    Кабинетот на претседателот Иванов самиот ги објави фотографиите од денешниот настан и не покани новинарски екипи за следење на доделувањето на наградата по повод јубилејот на Македонската опера и балет, чиј директор е Игор Дурловски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира