ПЕЈАЧОТ НА „А-ХА“ МОРТЕН ХАРКЕТ ОБЈАВИ ДЕКА ИМА ПАРКИНСОНОВА БОЛЕСТ

    ПЕЈАЧОТ НА „А-ХА“ МОРТЕН ХАРКЕТ ОБЈАВИ ДЕКА ИМА ПАРКИНСОНОВА БОЛЕСТХаркет веќе имал две операции на мозокот

    Фронтменот на норвешкиот бенд „А-ха“, Мортен Харкет, објави дека му е дијагностицирана Паркинсоновата болест. Веста беше споделена на сајтот на групата, каде што се додава дека Харкет веќе имал две операции на мозокот.

    Немав проблеми со прифаќањето на дијагнозата. Со тек на време, го прифатив ставот на мојот 94-годишен татко дека организмот постепено се предава, велејќи дека ќе користам што и да делува“, изјави 65-годишниот Харкет.

    А-ха“ е еден од најуспешните синт-поп бендови од 1980-тите, а неговиот препознатлив знак е токму фалсето вокалот на Харкет. Од 1985 до 2022 триото има објавено 11 студиски албуми.

    Го знаете како легендарниот фронтмен на ‘А-ха‘, божествено надарен пејач, повлечена поп-ѕвезда, соло уметник, текстописец, ексцентричен мислител, татко на пет деца и дедо, но во последниве години Мортен Харкет исто така беше човек кој се бори со сопственото тело. Ова не е вест што некој сака да му ја пренесе на светот, но еве ја: Мортен има Паркинсонова болест“, напиша биографот на групата Јан Омдал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира