„ПЕТРУНИЈА“ МЕЃУ 46-ТЕ КАНДИДАТИ ЗА ЕВРОПСКИ ОСКАР

    „ПЕТРУНИЈА“ МЕЃУ 46-ТЕ КАНДИДАТИ ЗА ЕВРОПСКИ ОСКАРИмињата на петте филмови кои ќе добијат номинација за најдобар филм ќе бидат објавени на 9 ноември; - Сцена од „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска.

    „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска влезе меѓу кандидатите за најдобар филм на годинашните Европски филмски награди, што ги доделува Европската филмска академија.

    Во поширокиот круг филмови кои ќе конкурираат за Европски оскар се вклучени 46 наслови од 31 европска земја, при што „Петрунија“ се најде во угледното друштво на оскаровецот „Миленичка“ на Јоргос Лантимос, „Болка и слава“ на Педро Алмодовар, „Предавник“ на Марко Белокио, „Господин Џонс“ на Агњешка Холанд и победникот на Берлинале „Синоними“ на Надав Лапид.

    Во наредните недели, повеќе од 3.600 членови на Академијата ќе ги избираат петте филмови кои ќе добијат номинација за Европски оскар, а нивните имиња ќе бидат објавени на 9 ноември. Церемонијата на доделувањето на наградите ќе се одржи на 7 декември во Берлин.

    „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ е првиот македонски филм кој бил во конкуренција за Златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал, кадешто имаше светска премиера во февруари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира