ПО 4 НОМИНАЦИИ ЗА „СОСЕДНАТА СОБА“ И „ЕМИЛИЈА ПЕРЕЗ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ФИЛМСКИ НАГРАДИ

    ПО 4 НОМИНАЦИИ ЗА „СОСЕДНАТА СОБА“ И „ЕМИЛИЈА ПЕРЕЗ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ФИЛМСКИ НАГРАДИТриесет и седмото доделување на европските Оскари ќе се одржи на 7 декември во Луцерн, Швајцарија. (Фото: ЕФА)

    Филмовите „Соседната соба“ на шпанскиот режисер Педро Алмодовар и „Емилија Перез“ на францускиот режисер Жак Одијар водат со по четири номинации за годинашните Европски филмски награди. „Соседната соба“ , прв филм на англиски јазик на Алмодовар, ја освои престижната награда Златен лав на 81. Венециски филмски фестивал.

    Триесет и седмото доделување на европските Оскари ќе се одржи на 7 декември во Луцерн, Швајцарија.

    Согласно новите правила од Европската филмска академија, од годинава во категоријата за најдобар европски филм влегуваат и документарни и анимирани филмови, а меѓу номинираните 15 филмови, се и „Супстанција “ на Корали Фарже, „Семето на светата смоква“ на Мохамад Расулоф и „Вермиљо“ од Маура Делперо.

    За најдобар режисер номинирани се Андреа Арнолд за „Птица“, Одијар за „Емилија Перез“, Алмодовар за „Соседната соба“, Расулоф за „Семето на светата смоква“ и Делперо за „Вермиљо“.

    За најдобра актерка се номинирани: Ренате Ренсве, Карла Софија Гаскон, Трине Диролм, Вик Кармен Соне и Тилда Свинтон, а за актери Франц Роговски, Реиф Фајнс, Ларс Ајдингер, Даниел Крег и Абу Сангаре.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира