ПОЧИНА АКТЕРКАТА КИРСТИ ЕЛИ

    ПОЧИНА АКТЕРКАТА КИРСТИ ЕЛИЕли остана најзапаметена по улогата на менаџерката на пабот во ситкомот „Кафулето На здравје“ (Фото: АП)

    Американската филмска и телевизиска актерка Кирсти Ели, која се прослави во серијата „Кафулето На здравје“, почина од рак на 71 година. Нејзиното семејство не прецизираше за каков рак станува збор, само кажа дека неодамна ѝ бил откриен.

    Ели имаше четиридецениска кариера на филм и телевизија, но остана најзапаметена по улогата на менаџерката на пабот Ребека Хоув во ситкомот „Кафулето На здравје“. Се појави во 147 епизоди откако ѝ се придружи на серијата на врвот на популарноста и остана до нејзиниот крај во 1993 година. Оваа улога исто така ѝ ја донесе првата од двете награди Еми, а втората ја освои за ТВ-филмот „Мајката на Дејвид“.

    Ели го имаше филмското деби во „Ѕвездени патеки: Гневот на Кан“ во 1982 година.

    „Со Кирсти ја имав една од најспецифичните врски во животот. Те сакам Кирсти, знам дека повторно ќе се видиме“, изјави Џон Траволта, со кого глумеше во филмскиот серијал „Види кој зборува“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира