Реномираната хрватска актерка Марија Кон почина денес во Загреб на 84 години, по тешко боледување. Во нејзината богата кариера од над 60 години, последна филмска улога ѝ беше во македонскиот филм „Година на мајмунот“ на режисерот Владимир Блажевски, кој имаше премиера на 20 април. Ја играше главната женска улога Вилма, старата тетка на главниот лик Цобе кого го игра Игор Ангелов.
Кон важи за најнаградувана хрватска актерка, зад која се стотина театарски улоги, 60 филмови и десетина ТВ-серии. Во 1999 се пензионираше, но остана активна во театарот и филмот. Меѓу другите играпе и во филмовите „Господар на свето тело“, „Во регистратурата“, „Три Ани“, „Окупација во 26 слики“, „Браво, маестро“.