ПОЧИНА АКТЕРОТ РИЧАРД ЧЕМБЕРЛЕН, ЅВЕЗДАТА НА „ШОГУН“

    ПОЧИНА АКТЕРОТ РИЧАРД ЧЕМБЕРЛЕН, ЅВЕЗДАТА НА „ШОГУН“Чемберлен најмногу остана запаметен по водечки улоги во ТВ-проекти, што му го донесе статусот на „крал на минисерии“ (Фото: Гети)

    Американскиот актер Ричард Чемберлен, кој се прослави со серијата „Шогун“, почина на 90 години. Неговиот публицист објави дека Чемберлен починал на Хаваи од последиците на мозочен удар, два дена пред да наполни 91 година.

    Чемберлен имаше актерска кариера долга седум децении. Прво се докажал во театар во „Хамлет“ и други драми на Шекспир, но тоа не му било доволно за да се пробие во Холивуд. Иако играше во филмови како „Тројца мускетари“, „Последниот бран“ и „Пеколната кула“, Чемберлен најмногу остана запаметен по водечки улоги во ТВ-проекти, што дури му го донесе статусот на „крал на минисерии“.

    Во 1960-тите се прослави како докторот Килдер во истоимената серија и во тој период се испроба и како пејач, смимајќи романтични балади, а во 1980-тите се издвојуваат неговите улоги во сериите „Шогун“ и „Птиците умираат пеејќи“ и во ТВ-филмот „Борновиот идентитет“.

    Чемберлен, кој четирипати беше номиниран за наградата Еми, јавно прозборе за својата сексуалност дури во своите 70-ти години, кога во мемоарите призна дека е геј. Иако 30 години беше во врска со актерот и режисер Рабет, тој во тајност во чуваше својот приватен живот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира