Пол Ди‘Ано, првиот пејач на легендите на хеви металот „Ајрон мејдн“, почина на 66 години во својот дом во Салисбури, потврдија од неговото семејство.
Роден во Лондон во 1958, Ди‘Ано беше член на „Ајрон мејдн“ од 1978 до 1981 година, по што беше заменет со Брус Дикинсон, под чие водство групата сe издигна во една од најголемите и најпопуларни во хеви металот.
Ди‘Ано пееше на првите два албума на групата, „Ајрон мејдн“ (Iron Maiden) и „Убијци“ (Killers), кои се стекнаа со легендарен статус, по што настапуваше и издаваше соло и со бројни групи.
И покрај здравствените проблеми во изминатите години, кои го принудија да настапува во инвалидска количка, Ди‘Ано продолжи со редовна концертна активност, па лани одржа повеќе од 100 концерти.