ПОЧИНА ФИЛМСКИОТ СНИМАТЕЛ ДРАГАН САЛКОВСКИ

    ПОЧИНА ФИЛМСКИОТ СНИМАТЕЛ ДРАГАН САЛКОВСКИДраган Салковски работеше на повеќе од 100 филмски остварувања

    Драган Салковски, еден од најпознатите македонски филмски сниматели, почина денеска во Скопје на 80 години.

    Почнувајќи ја кариерата уште во 1959 година, зад името на Салковски стојат повеќе од 100 филмски остварувања, со што остави големо богатство и неизбришлива трага во македонската кинематограферска историја. Од 1969 до 1997 година, Салковски работеше во продуцентската куќа „Вардар филм“, учествувајќи во реализацијата на голем број документарни и на десетина играни филмови, што во домашна, што во странска продукција.

    Пред три години, Салковски беше награден со „Златен објектив“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија. Тој е добитник и на Златната плакета за најдобра камера за филмот „Јазол“ на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола (1985).

    Погребот на Драган Салковски ќе се одржи утре на Градските гробишта Бутел во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира