ПОЧИНА ФЛОРИЈАН ШНАЈДЕР, ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА „КРАФТВЕРК“

    ПОЧИНА ФЛОРИЈАН ШНАЈДЕР, ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА „КРАФТВЕРК“Шнајдер учествуваше во правењето на сите студиски албуми на групата, која ја напушти во 2008 година (Фото: Шатерсток)

    Флоријан Шнајдер, еден од основачите на германската група „Крафтверк“, која ги постави темелите на електронската музика, почина од рак на 73 години.

    При своето прво гостување во Скопје во 2005, членовите на „Крафтверк“ се дружеа со Милчо Манчевски и возеа велосипед на Водно (Фото: Вест/принтскрин)

    Роден во 1947 година, Шнајдер почнал да се занимава со музика додека студирал во Диселдорф, свирејќи гитара, виолина и флејта. Соработката со Ралф Хитер ја почнал во 1970 година, од што произлезе „Крафтверк“.

    „По кратко време сфатив дека флејта има ограничени можности. Потоа купив микрофон, звучници и синтисајзер“, изјави своевремено Шнајдер.

    По првите три албуми како дуо, „Крафтверк“ беше проширен во квартет и со додавањето на пософистицирани синтисајзери и електронски тапани, групата го дефинираше својот звук на следните изданија, кои извршија огромно влијание врз електронската и поп музика. Шнајдер учествуваше во правењето на сите студиски албуми на групата, која ја напушти во 2008 година.

    „Крафтверк“ двапати настапи во Скопје, со Шнајдер во поставата во 2005 и потоа во 2018 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира