Основачот и фронтмен на англиската рок група „Супертрамп“, Рик Дејвис, почина на 81 година. Пејачот и клавијатурист, кој ги напиша и отпеа некои од најголемите хитови на групата, како „Појадок во Америка“ (Breakfast In America) и „Збогум странецу“ (Goodbye Stranger), боледувал од миелома, тип на рак на крвта.
Роден во 1944, Дејвис членувал во неколку групи кои не постигнале успех, по што на иницијатива на холандски милионер објавил оглас во музичкото списание „Мелоди мејкер“ за формирање нов бенд и така се родил „Супертрамп“.
Групата се пробила на топ-листите дури со третиот албум од 1974 година, а големиот успех во САД дошол пет години подоцна со албумот „Појадок во Америка“, кој ги вклучи двете најпознати песни на бендот. Албумот се продал во 30 милиони примероци низ светот и доби две номинации за Греми
Коосновачот Роџер Хоџсон си заминал во 1983, но Дејвис продолжил да снима и одржува турнеи со „Супертрамп“. Групата се распадна и обедини неколкупати и дефинитивно престана да постои во 2012, иако имаше уште еден обид за повратничка турнеја во 2015, што беше откажана откако на Дејвис му бил откриен рак.