ПОЧИНА ВЛАДО ПРАВДИЌ, КЛАВИЈАТУРИСТОТ НА „БИЈЕЛО ДУГМЕ“

    ПОЧИНА ВЛАДО ПРАВДИЌ, КЛАВИЈАТУРИСТОТ НА „БИЈЕЛО ДУГМЕ“Правдиќ беше еден од основачите на „Дугме“ и остана во групата до 1987 (Фото: Јутарњи лист)

    Клавијатуристот на „Бијело дугме“, Владо Правдиќ, почина во Сплит по тешко боледување, објави босанскиот весник „Дневни аваз“. Правдиќ на 6 декември требаше да го прослави 74. роденден.

    Роден во Сараево во 1949, Правдиќ ја почнал музичката кариера во 1971 во групата „Амбасадори“, од каде што по само седум месеци преминал во „Индекси“.

    И таму не се задржал долго, зашто во 1973 станал член на групата „Јутро“, која ќе прерасне во еден од најголемите југословенски музички феномени, „Бијело дугме“. Тој свиреше на првите два албума на „Бијело дугме“, по што беше заменет со Лаза Ристовски откако замина на отслужување воен рок.

    Правдиќ се врати во „Дугме“ во 1978 и остана до 1987, по што се повлече од музиката и настапуваше само повремено, вклучувајќи ја и прошталната турнеја во 2005.

    Минатата година, Правдиќ беше дел од концертот посветен на „Индекси“, што се одржа во Филхармонијата во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира