ПОЧИНА КУЛТНИОТ ГЕРМАНСКИ АКТЕР УДО КИР, СОРАБОТУВАШЕ И СО ЕНДИ ВОРХОЛ И МАДОНА

    ПОЧИНА КУЛТНИОТ ГЕРМАНСКИ АКТЕР УДО КИР, СОРАБОТУВАШЕ И СО ЕНДИ ВОРХОЛ И МАДОНАКир оствари над 270 улоги во американски и европски филмови

    Удо Кир, еден од најпознатите германски актери во Холивид, кој соработуваше и со Енди Ворхол и Мадона, почина на 81 година во болница во Калифорнија, објави неговиот партнер Делберт Мекбрајд, без да ја наведе причината за смртта. Кир оствари над 270 улоги во американски и европски филмови, често негативци, чудовишта, вампири и нацисти, што му донесе култен статус.

    Глумеше во филмови, на телевизија, во музички спотови и видеоигри, поради што често беше означуван како карактерен актер.

    Роден како Удо Кирспе во 1944, тој почнал да глуми во 1970-тите по преселбата во Лондон, а откако случајно во авион го запознал режисерот на Енди Ворхол, Пол Мориси, тој му дал улога во два негови филма, „Flesh for Frankenstein“ и „Blood for Dracula“, што го направило баран актер. Потоа уследија бројни соработки со култните режисери Рајнер Вернер Фасбиндер, Ларс фон Трир и Гас ван Сант, за кого Кир своевремено кажа дека му помогнал да добие американска работна дозвола.

    Во 1991, Ван Сант го претстави Кир на пошироката американска публика преку филмот „Мојот приватен Ајдахо“, глумејќи со Кијану Ривс и Ривер Феникс. Со Фон Трир сними шест филма, вклучувајќи ги „Догвил“ и „Меланхолија“.

    Од 1990-тите добиваше помали, но препознатливи улоги во големи холивудски продукции, како „Ејс Вентура“, „Блејд“ и „Армагедон“ и се појави во спотовите за хитовите на Мадона, „Еротика“ и „Подлаболо и подлабоко“.

    За својата плодна кариера, Кир еднаш рече:

    Сто филмови се лоши, 50 можете да ги гледате со чаша вино и 50 филмови се добри“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира