ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ФРОНТМЕН НА „БИЧ БОЈС“ БРАЈАН ВИЛСОН

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ФРОНТМЕН НА „БИЧ БОЈС“ БРАЈАН ВИЛСОНВилсон во 1961 ја формирал групата заедно со браќата Карл и Денис (Фото: Гети)

    Брајан Вилсон, легендарниот фронтмен и еден од основачите на групата „Бич бојс“, почина на 82 години, објави неговото семејство.

    Роден во 1942 во Калифорнија, Вилсон во 1961 ја формирал групата заедно со браќата Карл и Денис, братучедот Мајк Лав и пријателот Ал Џардин, која стана една од најголемите во рок музиката. Иако глув на десното уво, тој на 19 години открил дека има музички талент што ќе му го дефинира животот.

    Првиот национален хит „Surfin’ U.S.A.“ го објавија во 1963, што беше почеток на низата на топ-10 хитови, често пеејќи за културата на младите во јужна Калифорнија. Токму Брајан Вилсон беше автор на најголемиот број хитови на групата.

    Бич бојс“ е една од комерцијално најуспешните групи на сите времиња, со продадени повеќе од 100 милиони албуми. Списанието „Ролинг стоун“ го рангираше „Бич бојс“ на 12. место на листата на најголемите музички уметници на сите времиња.

    На Вилсон му била дијагностицирана параноидна шизофренија во 1984 година, кога лекарите пронашле оштетувања во неговиот мозок, што било поврзано со користењето на психоделични дроги. Во февруари 2024 беше објавено дека има деменција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира