ПОЧИНА МОДНАТА ДИЗАЈНЕРКА ВИВИЕН ВЕСТВУД, КУМАТА НА ПАНКОТ

    ПОЧИНА МОДНАТА ДИЗАЈНЕРКА ВИВИЕН ВЕСТВУД, КУМАТА НА ПАНКОТВествуд беше една од најзначајните современи дизајнерки во светот. (Фото: Би-Би-Си)

    Британската модна дизајнерка, дамата Вивиен Вествуд почина на 81-година. Во соопштението на Твитер, нејзината модна куќа соопшти дека таа починала „мирно и опкружена“ со своето семејство во Клафам, Јужен Лондон. Вествуд се прочу со нејзините контроверзни панк и њу вејв стилови во 1970-тите и стана една од најзначајните современи дизајнери во светот.

    Нејзиниот сопруг и креативен партнер Андреас Кронталер изјави: „Ќе продолжам со Вивиен во моето срце. Работевме до крај и таа ми даде многу нешта за да се продолжам”.

    Вествуд дојде до израз на модната сцена во 1970-тите, со нејзините андрогини дизајни, маици со слоган и пркосен однос кон естаблишментот. Таа беше позната како постојан активист и на модната писта застапуваше каузи во кои веруваше, како борбата против климатските промени. Вечната бунтовничка стана Дама на Британската империја во 2006. Во претходната посета на Бакингемската палата на средба со кралицата, таа не носела долна облека.

    Со Малколм Мекларен го создадоа звукот и стилот на панкот во 1970-те. (Фото: Би-Би-Си)

    Родена во работничко семејство, Вествуд заврши школа за наставничка во основно училиште, а потоа се омажи за Дерек Вествуд и една година подоцна го роди нивниот син. Потоа, случајната средба промени сè. Брат ѝ Гордон, донел деветнаесетгодишен колега студент по уметност во нејзиниот стан во Хароу. Имаше црвена коса и лице побелено со талк во прав. Неговото име беше Малколм Мекларен: самопрогласен гениј и кум на панкот.

    Така започна едно од големите креативни партнерства на Британија. Се вселија во мал стан во Клапам, добија дете и започнаа културна револуција која го потресе, а понекогаш и го плашеше светот. Мекларен беше невозможен и имаа турбулентна врска. Неговата мајка била проститутка, па тој бил воспитан од баба му, која живеела според мотото „да се биде лош е да се биде добар, а да се биде добар е само досадно“.

    Вествуд ги мразеше политиките на Маргарет Тачер, но ѝ оддаваше признание за стилот и начинот на облекување. (Фото: Би-Би-Си)

    Креативно, Мекларен беше будење; ја воведе во уметноста, музиката и ѝ помогна да се трансформира „од кукличка во шик, самоуверена модна икона“. Потоа дојдоа „Секс пистолс“ врескајќи на 1970-тите. Мекларен ги прифати како лут удар на хипи движењето што тој го мразеше. Вествуд отвори продавница на Кингс Роуд, создавајќи го изгледот што „Пистолс“ го направија познат, а светот го нарече панк. Вествуд ја нарече продавницата „Let It Rock“, а потоа го смени името во „Пребрз да живее, премлад да умре“. Конечно, беше ребрендиран едноставно како „СЕКС“ – огромниот розов знак над вратата значеше дека влегуваа само храбрите.

    Во 2006 Вествуд беше единствената жена вброена меѓу 5 највлијателни дизајнери на 20. век.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира