Три месеци по смртта на легендарниот музичар, Ферус Мустафов, вчера почина и неговиот син Илми Мустафов. Тој повеќе од три децении е член на групата „ Огнени момчиња“ и е еден од најдобрите македонски кларинетисти и саксофонисти, инструменти што ги има наследено од татко му Ферус и неговиот легенадарен дедо Илми Јашаров, кој е творец на „Штипски чочек“ хит стар пола век.
Синот Ферчо Мустафов, на Фејсбук објави дека погребот на Илми ќе биде утре од 13 часот утре на гробиштата во Камник, каде почива и неговиот татко Ферус.
Ферус Мустафов почина на 22 мај на 72 години, после кусо боледување.
Т. ЈОВАНОВСКИ