ПОЧИНА НЕКОГАШНИОТ ПЕЈАЧ НА „ПОУГС“, ШЕЈН МЕКГОУЕН

    ПОЧИНА НЕКОГАШНИОТ ПЕЈАЧ НА „ПОУГС“, ШЕЈН МЕКГОУЕНМекгоуен и „Поугс“ го популаризираа таканаречениот келтски панк (Фото: Гети)

    Ирскиот кантавтор и некогашен фронтмен на панк групата „Поугс“, Шејн Мекгоуен, почина на 65 години откако во изминатиот период имал сериозни здравствени проблеми. Тој годинава поминал неколку месеци во болница поради енцефалитис.

    Мекгоуен беше еден од основачите на „Поугс“ во 1982 и првично го предводеше до 1991. Групата објави седум студиски албуми, од кои пет со Мекгоуен, популаризирајќи го таканаречениот келтски панк. „Поугс“ соработуваше со англиската пејачка Кирсти Мекол на големиот божиќен хит „Њујоршка бајка“ (Fairytale of New York), кој се искачи на второто место на британската топ-листа во 1988.

    Откако беше избркан од „Поугс“ во 1991 поради непрофесионално однесување, Мекгоуен формираше нов бенд, „Поупс“, со кој сними два албума. Во „Поугс“ се врати во 2001 и остана негов пејач до конечниот распад во 2014.

    Животот и кариерата на Мекгоуен беа обележани и со проблеми со дрога и алкохол и тој подоцна призна дека Шинејд О‘Конор многу му помогнала да се откаже од тешки дроги.

    Последниот албум (со „Поупс“) го сними во 1997, но остана музички активен, гостувајќи кај други музичари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира