Дајана Китон, холивидската актерка и оскаровка, продуцентка и режисерка почина на 79 години во Калифорнија.
Таа имаше богата кариера со над 100 улоги на филм и ТВ, меѓу кои и нејзината најпозната улога во „Ени Хол“ на Вуди Ален, за која доби Оскар.
Китон имаше и повеќе номинации за Оскар, за филмовите „Црвените“ и „Нешто мора да се даде“. Значајни се и нејзините улоги во филмовите „Кум“, „Таткото на невестата“ и „Бејби Бум“ .
Нејзините последни улоги се во филмовите „Книжевен клуб“, како и „Летен камп“ во 2024 заедно со Кејти Бејтс.