ПОЧИНА ПАВЛИНА АПОСТОЛОВА- БОГДАНОВА, ЕДНА ОД ОСНОВОПОЛОЖНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ОПЕРА

    ПОЧИНА ПАВЛИНА АПОСТОЛОВА- БОГДАНОВА, ЕДНА ОД ОСНОВОПОЛОЖНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ОПЕРААпостолова- Богданова, беше ценет и вреднуван вокал, до нејзиното заминување во пензија, со изведби на 40-тина главни улоги и познати арии во речиси половина од дотогаш изведените оперски премиери во МОБ, со концертирања во земјата и странство (Фото: МОБ)

    Поранешната првенка на Македонската опера, Павлина Апостолова- Богданова почина во Скопје на 90 годишна возраст, соопшти семејството.

    Погребана е денеска, во кругот на најблиските.

    Апостолова- Богданова припаѓа на првата генерација оперски солисти што ја формираа македонската оперска сцена и музичка култура.

    Со својот сопруг Петре Богданов – Кочко, еден од основоположниците на македонската Опера, но и композитор, педагог и певец, Апостолова е вградена во темелите на современата македонската култура.

    Апостолова е родена на 16 мај 1927 година во Тетово. Во 1950 година дебитирала на оперската сцена на Македонскиот народен театар, со улогата на Мими во операта „Боеми“. Постојан член на Операта и на МНТ била до 1983 година.

    Реализирала главни улоги 40 улоги од класичниот, современиот и домашниот оперски репертоар. Меѓу нив се издвојуваат: Констанца („Грабнување од сарајот“), Розина („Севилскиот бербер“), Виолета Валери („Травијата“), Мими („Боеми“), Абигаила („Набуко“), Норма, Чо-Чо-Сан („Мадам Бетерфлај“). Настапувала и на концертниот подиум, посебно негувајќи го македонското музичко творештво.

    Автор е на монографијата „Мојот пат во оперската уметност“. Гостувала во сите поголеми оперски центри на поранешна Југославија.

    Оперската певица се здоби и со стаус на истакнат македонски уметник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира