ПОЧИНА ПОП АРТ УМЕТНИКОТ КЛАС ОЛДЕНБУРГ, КОЈ СЕ ПРОСЛАВИ СО ОГРОМНИ СКУЛПТУРИ НА ОБИЧНИ ПРЕДМЕТИ

    ПОЧИНА ПОП АРТ УМЕТНИКОТ КЛАС ОЛДЕНБУРГ, КОЈ СЕ ПРОСЛАВИ СО ОГРОМНИ СКУЛПТУРИ НА ОБИЧНИ ПРЕДМЕТИОлденбург е опишан како еден од најрадикалните уметници на 20. век (Фото: АП)

    Влијателниот шведско-американски уметник Клас Олденбург, кој се прослави со огромни скулптури на секојдневни предмети, почина на 93 години во својот дом во Њујорк. Неговото семејство објави дека здравјето му било нарушено откако паднал пред еден месец и го скршил колкот.

    Олденбург беше еден од најрадикалните уметници на 20. век кој придонесе за развојот на поп артот“, соопшти њујоршката галерија „Пејс“.

    Мост во облик на лажица во Минеаполис (Фото: АП)

    Олденбург е роден во Стокхолм, а во САД се преселил во 1950-ите. Меѓу неговите најпознати дела се 14 метри високата скулптура на штипка во Филаделфија и металната бејзбол палка од над 30 метри поставена пред федерална зграда во Чикаго.

    Најголем дел од своите дела ги изработил заедно со сопругата Косје фан Бруген, вклучувајќи го мостот во облик на лажица во Минеаполис. Тие беа во брак од 1977 до нејзината смрт во 2009.

    Метална скулптура на штипка од 14 метри во Филаделфија (Фото: Гети)

    На крајот на 1960-ите се заинтересирав за архитектурата и за претворање на предмети во архитектура. Мојата намера беше да создавам секојдневни предмети што нема да може да се дефинираат“, изјави Олденбург своевремено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира