ПОЧИНА ПРОСЛАВЕНИОТ МУЗИЧКИ ПРОДУЦЕНТ СТИВ АЛБИНИ

    ПОЧИНА ПРОСЛАВЕНИОТ МУЗИЧКИ ПРОДУЦЕНТ СТИВ АЛБИНИАлбини работеше на албуми на „Нирвана“, „Пиксис“ и Пи Џеј Харви (Фото: Гети)

    Прославениот американски музички продуцент и музичар Стив Албини почина од срцев удар на 61 година, потврдија од неговото музичко студио „Електрикал аудио“.

    Покрај тоа што како продуцент работеше на албуми на „Нирвана“, „Пиксис“ и Пи Џеј Харви, Албини беше и фронтмен на бендовите „Биг блек“ и „Шелак“, чиј прв албум по десет години пауза треба да излезе овој месец.

    Албини почнал да свири во панк бендови уште како тинејџер, а кога бил студент го формирал панк рок бендот „Биг блек“, кој објави два студиски албума во 1980-тите.  По краткотрајниот бенд „Рејпмен“, во 1992 ја основал ноиз рок групата „Шелак“, со која сними шест албуми.

    Паралелно со музичката кариера, Албини се промовираше во еден од најзначајните продуценти на независната рок сцена, а долгата листа музичари и бендови со кои соработуваше ги вклучува и „Могваи“, „Хелмет“, „Бридерс“, „Меник стрит причерс“, „Буш“, „Неурозис“…

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира