ПОЧИНА ШПАНСКАТА АКТЕРКА МАРИСА ПАРЕДЕС, ЕДНА ОД ОМИЛЕНИТЕ ГЛУМИЦИ НА АЛМОДОВАР

    ПОЧИНА ШПАНСКАТА АКТЕРКА МАРИСА ПАРЕДЕС, ЕДНА ОД ОМИЛЕНИТЕ ГЛУМИЦИ НА АЛМОДОВАРПаредес на ланскиот Венециски филмски фестивал. (Фото: АФП)

    Шпанската актерка Мариса Паредес, ѕвезда од филмовите „Високи потпетици“ и „Цветот на мојата тајна“ на Педро Алмодовар, почина на 78 години. Во долгата кариера од 60 години, Паредес играше во речиси 80 долгометражни филмови и исто толку телевизиски серии.

    Од 2000 до 2003 беше претседателка на Шпанската филмска академија, ги доби највисоките признанија, меѓу кои и почесна награда Гоја за животно дело во 2018. Нејзиниот последен филм „Излез за итни случаи“ (Emergency Exit), во режија на Луис Мињаро,  го сними на почетокот на годинава и допрва треба да излезе.

    Паредес се проби со режисерското деби на Фернандо Труеба „Опера прима “(1980), а светска слава стекна преку соработката со Алмодовар. Покрај нејзините легендарни креации во „Високите потпетици“ и „Цветот на мојата тајна“, Паредес играше и во „Сѐ за мојата мајка “ (1999), „Разговарај со неа“ (2002) и „Кожата во која живеам“ (2010).

    „Шпанската кинематографија остана без една од своите најпознати актерки, Мариса Паредес, која зад себе остави долга кариера во која јавноста можеше да ја види во повеќе од 75 проекти на големото платно“, соопшти Шпанската филмска акдемија на Икс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира