ПОЧИНА СЛАЈ СТОУН, ЕДЕН ОД ЗАЧЕТНИЦИТЕ НА ФАНКОТ

    ПОЧИНА СЛАЈ СТОУН, ЕДЕН ОД ЗАЧЕТНИЦИТЕ НА ФАНКОТСтоун се врати на сцената на Греми наградите во 2006 (Фото: АП)

    Слај Стоун, лидерот на групата „Слај енд д фемили Стоун“ и еден од зачетниците на фанкот, почина на 82 години, објави неговото семејство.

    Слај беше монументална личност, револуционерен иноватор и вистински пионер кој го редефинираше пејзажот на поп, фанк и рок музиката“, вели неговото семејство.

    Стоун, чие вистинско име беше Силвестер Стјуарт, почнал да пее госпел музика на рана возраст. Работел како диџеј во радиостаници во Калифорнија, пред да го формира бендот „Слај енд д фемили Стоун“ во 1967, во кој членуваше и брат му. Прво свиреле госпел музика, но со тек на време почнале да мешаат музички стилови, вклучувајќи психоделија и фанк и во своите редови имале и црни и бели музичари. Така „Слај енд д фемили Стоун“ стана еден од највлијателните бендови во развојот на фанк, аренби и психоделична музика.

    Групата имаше незаборавен настап на фестивалот Вудсток во 1969, но се мачеше во 1970-тите поради внатрешни конфликти и проблеми со дрога. Во кариерата имаше пет топ-10 хитови, од кои три стигнаа до првото место на американската топ-листа.

    Групата дефинитивно се распадна во 1983 и десет години подоцна беше примена во Рокенрол салата на славните. Стоун се врати на сцената на Греми наградите во 2006, но оттогаш само неколкупати беше виден во јавност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира