ПОЧИНА ТЕАТАРСКИОТ РЕЖИСЕР И ДРАМАТУРГ РОБЕРТ ВИЛСОН

    ПОЧИНА ТЕАТАРСКИОТ РЕЖИСЕР И ДРАМАТУРГ РОБЕРТ ВИЛСОНВилсон гостуваше во Македонија во 2016, при што прими почесен докторат од Универзитетот ЕСРА (Фото: МНТ)

    Роберт Вилсон, прославениот американски театарски режисер, драматург и уметник, почина на 83-годишна возраст.

    Кариерата на Вилсон во театарот започнала кон крајот на 1960-тите, кога ја основал групата за изведувачки уметности „Берд Хофман“ во Њујорк, именувана по учителот кој му помогнал со пелтечењето. Првиот голем успех го доживеал во средината на 1970-тите, кога ја создал операта во четири чина „Ајнштајн на плажа“ со Филип Глас.

    Неговите позначајни дела вклучуваат и неми опери како што се „Поглед на глув човек“ и 12-часовната „Животот и времето на Јосиф Сталин“. Тој режираше и дела на други автори, како „Кралот Лир“ и „Бура“ од Шекспир и „Лебедова песна“ од Чехов.

    Како визуелен уметник, Вилсон правел скулптури, дизајни за мебел и цртежи. Во 1993 беше награден со Златен лав на Венециското биенале за неговото скулпторско дело. Беше номиниран за Пулицерова награда за драма во 1986 и ја доби наградата „Оливие“ за најдобра опера во 2013.

    Меѓу неговите познати соработници беа Том Вејтс, Михаил Баришников, Ален Гинсберг, Лори Андерсон, Тилда Свинтон, Џим Џармуш и Лејди Гага.

    Роберт Вилсон гостуваше во Македонија во 2016, при што прими почесен докторат од Универзитетот ЕСРА во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира