ПОСЛЕДНАТА СЛИКА НА КЛИМТ ОТКУПЕНА ЗА 108.4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, СТАНА НАЈСКАПО ПРОДАДЕНО ДЕЛО ВО ЕВРОПА

    ПОСЛЕДНАТА СЛИКА НА КЛИМТ ОТКУПЕНА ЗА 108.4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, СТАНА НАЈСКАПО ПРОДАДЕНО ДЕЛО ВО ЕВРОПА„Дама со лепеза“ ја купи колекционер од Хонгконг, кој победи на аукцијата. (Фото: „Сотбис“)

    Последната слика на Густав Климт се продаде за 108.4 милиони долари и со тоа стана најскапо продадено уметничко дело во Европа. „Дама со лепеза“ (Dame mit Fächer) ја купи колекционер од Хонгконг, кој победи на аукцијата во „Сотбис“. Почетната сцена беше 82 милиони долари, а аукцијата траеше 10 минути.

    Портретот на непознатата жена сѐ уште бил поставен на штафелајот во ателјето на Климт кога починал во 1918. Сликата има силни азиски влијанија и е дел од трендот јапонизам, кој се однесува на влијанието на јапонските уметност и дизајн врз уметниците од Западна Европа. На делото има и неколку кинески мотиви, како феникс, симбол на бесмртност и повторно раѓање, како и лотос, кој ја симболизира љубовта.

    Хелена Њуман, директорка на „Сотбис“ за Европа, рече дека „Дама со лепеза“ е последниот портрет што Климт го насликал пред неговата смрт, кога сѐ уште бил во во неговиот уметнички врв и ги насликал некои од неговите најуспешни дела.

    „Многу од тие дела, секако портретите по кои тој е најпознат, беа нарачки. Сепак, ова е нешто сосема друго, еден вид срдечна ода на апсолутната убавина“, рече Њуман.

    „Дама со лепеза“ е меѓу ретките портрети на Климт, кои се во приватна сопственост. Последен пат беше продаден во 1994, кога достигна цена од 11.6 милиони долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира