Претставата „Тик-Так“ во режија на Синиша Евтимов, премиерно ќе се изведе во Турски театар, кој сѐ уште го користи објектот на Театар Комедија.
Режисерот ни рече дека претставата е поставена по мотивите на филмот „Тoc toc“ (Trastorno Obsesivo Compulsivo или во превод од шпански јазик, Опсесивно-компулсивно нарушување) на францускиот писател Лорен Бафи и шпанскиот режисер Висенте Виљануева.
Евтимов го постави истиот текст во 2019 во Македонскиот народен театар (МНТ), а таму се игра како „Мој термин“. Вели дека станува збор за различна публика, која за жал, не ги гледа претставите во двата театра.
Играат Селпин Керим, Осман Али, Неат Али, Несрин Таир, Ебру Мусли, Филиз Ахмет и Бурханедин Ибрахим. Во текот на изведбата ќе се проектира и превод на македонски јазик.
Б. НЕСТОРОСКА