РАЗРЕШЕНАТА ДИРЕКТОРКА НА ОХРИДСКИОТ МУЗЕЈ И ЗАВОД ТАЊА ПАСКАЛИ БУНТАШЕСКА Е ГОРДА НА СРАБОТЕНОТО ВО 10-ГОДИШНИОТ МАНДАТ

    РАЗРЕШЕНАТА ДИРЕКТОРКА НА ОХРИДСКИОТ МУЗЕЈ И ЗАВОД ТАЊА ПАСКАЛИ БУНТАШЕСКА Е ГОРДА НА СРАБОТЕНОТО ВО 10-ГОДИШНИОТ МАНДАТРазрешената директорка Тања Паскали Бунташеска со поранешниот премиер Никола Груевски на увид на градежните активности за возобновување на „Свети Климентовиот Универзитет“ во август 2015 година. (Фото: МИА)

    Во серијата смени на директори во културата, денеска решение за разрешување добила и директорката на Националната установа Музеј и завод – Охрид, Тања Паскали Бунташеска. Таа ни рече дека во Музејот немало инспекција од Министерството за култура, туку дека само добила Решение за разрешување во кое пишува дека не работи согласно Законот и Статутот.

    „Немам никаква намера да се жалам“, вели Бунташеска Паскали и додава: „Горда сум на она што го направив за мојот 10-годишен мандат како директор за заштита на културното наследство во земјава, во Охрид, Струга, во Вевчани. Горда сум што направивеме за Охрид, со мојот тим кој е комплетиран и има квалитети на кој секој директор би ги поскакал. Не може да се добројат сите сработени проекти. Но, еве во изминатиов период комплетно, и архитектонски и ентериерно ја реновиравме Куќата на Робевци, како и потпорниот ѕид над неа, што беше огромен зафат. Дел сум од тимот што го започна проектот Плаошник, и продолживме со возобновувањена Свети Климентовиот универзитет, ги реновиравме куќите на Уранија, на Христо Татарчев, обновивме над 15 стари фасади во градот, изготвивме елаборат за ревалоризација на старото градско јадро врз кој се донесе Законот за Охрид“.

    Паскали наброја дел од елаборатите и од конзерватосрките зафати во периодот на нејзиниот мандат и вели дека останува во Музеј и Завод Охрид како виш кустос, инженер-архитект, и дека се надева оти нејзиното безмалку 30-годишно искуство ќе биде од полза на идната дирекција.

    Избран е в.д. од редот на вработените. Во претходни соопштенија на Министерството за култура по разрешувањето на директори во театарите стои дека поставувањето на в.д. директори е „со цел што побрзо ослободување на клучните институции кои досега беа заробени од партиски кадри“. Од Министерството најавуваат транспарентни конкурси за нови директори во националните установи кои ќе се спроведуваат според законските норми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира