СКОПСКИОТ ВИКЕНД НА ГОРДОСТА ОД 1 ДО 13 ЈУНИ ВО МСУ, МКЦ И „ЈАДРО“

    СКОПСКИОТ ВИКЕНД НА ГОРДОСТА ОД 1 ДО 13 ЈУНИ ВО МСУ, МКЦ И „ЈАДРО“Од ланското издание на Парадата на на гордоста во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Скопскиот Викенд на гордоста, по 11. пат, ќе се одржува од 1 до 13 јуни, на три локации низ Скопје: Музејот на современа уметност (МСУ), Младинскиот културен центар (МКЦ) и КСП Центар-„Јадро“. Тематскиот фокус на настанот, кој е Фестивал на квир култура, оваа година е „Квир-Хронополитики: Историја, афекти, утопии“.

    „Проблемите што ги адресираме во ова издание тргнуваат од мноштвото квир-теории и историографии што го ставаат прашањето на времето и историјата во центарот на своите иследувања“, најавува организаторот.

    Фестивалот отвора на 1 јуни во 20:30 часот во МСУ, со изложбата „Сеќавајќи се на иднините“ (Remembering Futures) на познатиот полски интердисциплинарен уметник Карол Раѓишевски. На 2 јуни во МСУ ќе се одржи перформансот „Осуденик“ (GONER) на едно од најатрактивните имиња во современата кореографска и танцова практика Малик Нашад Шарпе (UK) познат како Marikiscrycrycry.

    На 3 јуни во МКЦ, кореографката и перформанс уметница со чилеанско и шведско потекло Ширли Харти Убила ќе го изведе делото „Абјектот на желбата“ (Abject of Desire), а на 4 јуни во МСУ философката, теоретичарка и уметница Марина Гржиниќ од Словенија ќе го одржи предавањето „Панкот и поранешната југословенска ЛГБТКИА+ заедница во Словенија и пошироко: Распетлувањето на сексот и политиката во расниот капитализам“.

    Фестивалот е во организација на Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центар за поддршка, а се реализира во партнерство со ТрансФормА, Заедно посилни, МСУ Скопје, КСП „Центар-Јадро“ и Тиииит!Инк., , со подрршка од повеќе институции како Фондација Отворено Општество Македонија и Министерство за култура.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира