„СКРИЕНИ ЖЕЛБИ, НЕМИРНИ ПАТУВАЊА“ НА ЈАНКОВСКИ Е МАКЕДОНСКИ КАНДИДАТ ЗА КНИЖЕВНАТА НАГРАДА „БАЛКАНИКА“

    „СКРИЕНИ ЖЕЛБИ, НЕМИРНИ ПАТУВАЊА“ НА ЈАНКОВСКИ Е МАКЕДОНСКИ КАНДИДАТ ЗА КНИЖЕВНАТА НАГРАДА „БАЛКАНИКА“Книгата на Јанковски се одликува со „инвентивна, мозаично развиена структура, реторичка питкост и свежина“. (Фото: „Магор“)

    Книгата „Скриени желби, немирни патувања“ од писателот Владимир Јанковски е национален претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика“, соопшти издавачката куќа „Магор“.

    Поради пандемијата на ковид-19, свеченоста ќе се одржи во Тирана, Албанија, на 26 и 27 октомври, со доделување награди за две години во рамки на една манифестација, согласно консензуалниот договор помеѓу националните организатори од сите седум држави-членки на Фондацијата Балканика.

    На конкурсот за избор на национален претставник за „Балканика 2020“, годинава до организаторот „Магор“, пристигнале 8 книги, меѓу кои и „Генералот и пеперутката“ на академик Луан Старова, „Не правете им сенка на гробовите“ на Дијана Петрова,„ Сфинга на гневот“ на Жарко Кујунџиски, „Изодениот пат“ на Србо Ивановски, „Записи на стражарот (Видено под ноќна светилка)“ на Филип Клетников, „Безразборна лабораторија“ на академик Влада Урошевиќ и „Чудо зад аголот“ на Владо Јаневски.

    За македонскиот кандидат одлучила комисијата во состав: проф. д-р Елизабета Шелева, претседател, проф. д-р Александар Прокопиев, член, и Блаже Миневски, член.

    Досегашни добитници на наградата од Македонија се Венко Андоновски со „Папокот на светот“ и Александар Прокопиев со „Човечулец“.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира