СТЕВАН СМИЛЕВСКИ ЈА ПРИМИ АРХИТЕКТОНСКАТА НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“

    СТЕВАН СМИЛЕВСКИ ЈА ПРИМИ АРХИТЕКТОНСКАТА НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“Стеван Смилевски е добитникот за 2024 (Фото: К. Попов)

    Во галеријата на МАНУ, претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Валентино Константиновски, му ја врачи наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ на архитектот Стеван Смилевски. Оваа награда се доделува како признание за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството.

    Стеван Смилевски е роден во 1948 во Скопје. Дилпомирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје, а потоа се вработил во „Пелагонијапроект“, каде што во наредните 15 години работел на проекти од кои добар дел се и реализирани.

    Потоа продолжил да работи како проектант во фирмите „Атеље Ајвар“ и „УПА Ентерпрајз“, по што отворил сопствено биро, реализирајќи повеќе проекти за ентериери и индивидуални куќи. Во соработка со продукциската куќа „К-15“ ги реализирал нивните административна зграда и студио за продукција и постпродукција.

    Од 1998 до пензионирањето работел во „Медиа маркет“, каде што реализирал неколку проекти, како ентериерот за учеството на Македонија на ЕКСПО во Лисабон во 1998 (со Коробар и Живковски), собраниската сала на Општина Чаир и индивидуални станбени објекти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира