СТИВЕН НАЈТ, АВТОР НА СЕРИЈАТА „ПИКИ БЛАЈНДЕРС“ ЌЕ ГО ПИШУВА СЦЕНАРИОТО ЗА НОВИОТ ФИЛМ ЗА ЏЕЈМС БОНД

    СТИВЕН НАЈТ, АВТОР НА СЕРИЈАТА „ПИКИ БЛАЈНДЕРС“ ЌЕ ГО ПИШУВА СЦЕНАРИОТО ЗА НОВИОТ ФИЛМ ЗА ЏЕЈМС БОНД„Се надевам дека, како долгогодишен обожавател на Бонд, ќе можам да создадам нешто што е исто, но различно, и подобро, посилно и похрабро“, изјави Најт. (Фото: Гети)

    Стивен Најт, авторот на ТВ-серијата „Пики Блајндерс“ (Peaky Blinders) ќе го пишува сценариото за новиот филм за Џејмс Бонд, соопшти „Амазон МГМ“, новиот сопственик на франшизата.

    Филмот, кој ќе го режира фрацуско-канадскиот филмаџија Денис Вилнев од „Дина “, моментално е во фаза НА развој и е под капа на студиото, откако долгогодишните продуценти и Барбара Броколи и Мајкл  Вилсон се повлекоа од своите функции во февруари.

    „Бонд отсекогаш ми беше на листата на желби и прекрасно е што добив покана, едвај чекам да почнам. Се надевам дека, како долгогодишен обожавател на Бонд, ќе можам да создадам нешто што е исто, но различно, и подобро, посилно и похрабро“, изјави Најт за „Би-Би-Си“.

    Од „Амазон“ не навестија кој ќе го замени Даниел Крег во легендарната улога, откако досега се шпекулираше со имињата на Арон Тејлор-Џонсон, Џејмс Нортон и Пол Мескал. На прашаето кој ќе ја игра главната улога, Најт изјавил дека не може да даде одговор на тоа.

    Уште не се знае кога ќе излезе новиот филм.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира