СУДОТ ДОЗВОЛИ „ЧОВЕКОТ КОЈ ГО УБИ ДОН КИХОТ“ НА ГИЛИЈАМ ДА ГО ЗАТВОРИ КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ

    СУДОТ ДОЗВОЛИ „ЧОВЕКОТ КОЈ ГО УБИ  ДОН КИХОТ“ НА ГИЛИЈАМ ДА ГО ЗАТВОРИ КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛАдам Драјвер и Џонатан Прајс во „Човекот кој го уби Дон Кихот“ на Тери Гилијам

    Францускиот суд пресуди дека филмот на Тери Гилијам „Човекот кој го уби  Дон Кихот“ може да го затвори филмскиот фестивал во Кан на 19 мај. Судот го одби барањето на Паоло Бранко и негова продукциска куќа „Алфама филмс продукција“ да се забрани филмот да биде прикажан на затварањето на Кан.

    Судот го отфрли и барањето на Бранко за компензација од Фестивалот, иако тој тврдеше дека организаторите немаат право да го прикажат филмот.

    Тери Гилијам, американскиот режисер кој се прослави како член на „Монти Пајтон“, вчера претрпи мозочен удар, истиот ден кога судот во Париз требаше да реши дали неговиот најнов филм  може да го затвори Канскиот фестивал. На 77-годишниот Гилијам му се слошило викендов, но по само еден ден бил пуштен од болницата во Лондон.

    Гилијам почна да го прави филмот уште во 1989 и по голем број одложувања, тој доби статус на една од најнесреќните продукции во филмската историја. Сега кога конечно успеа да го заврши, филмот стана предмет на несогласувања околу правата за дистрибуција. Поранешниот продуцент Паоло Бранко покрена судски спор на 25 април за да го спречи прикажувањето на филмот, тврдејќи дека неговата компанија „Алфама“ ги има правата.

    Во филмот играат Адам Драјвер, Џонатан Прајс, Стелан Скарсгард, Олга Куриленко и Џоана Рибеиро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира