„ТАНЕЦ“ ОРГАНИЗИРА ГАЛА КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА ВАСКА ИЛИЕВА

    „ТАНЕЦ“ ОРГАНИЗИРА ГАЛА КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА ВАСКА ИЛИЕВАНа концертот ќе се изведат 15-ина антологиски песни од богатиот репертоар на Илиева

    По успешната соработка со Националната опера и балет, „Танец“ најави уште еден голем концерт, посветен на 100-годишнината од раѓањето на легендарната македонска пејачка Васка Илиева. Концертот насловен „Песната судбина“ ќе се одржи на 17 октомври во Македонскиот народен театар, со почеток во 20 часот.

    Замислен е како ексклузивна гала вечер, при што солистите и ансамблите на НУ „Танец“ ќе изведат 15-ина антологиски песни од нејзиниот богат репертоар, а ќе бидат прикажани и вредни архивски материјали поврзани со животот и делото на Илиева.

    Васка Илиева (1923-2001) е една од најпознатите македонски изведувачки на народна музика. Родена во Скопје, својата музичка кариера ја започнала во 1950 токму во Државниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Со својот уникатен стил на изведба, многу брзо станала популарна, одржувајќи голем број концерти низ светот. И денес, нејзините изведби на песните „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“ и „Сестра кани брата на вечера“ се белег со трајни вредности за македонската културна историја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира