ТРИША ТАТЛ ОСТАНУВА ДИРЕКТОРКА НА БЕРЛИНАЛЕ, ПО КОНТРОВЕРЗАТА СО ПРОПАЛЕСТИНСКИТЕ НАСТАПИ НА ФЕСТИВАЛОТ

    ТРИША ТАТЛ ОСТАНУВА ДИРЕКТОРКА НА БЕРЛИНАЛЕ, ПО КОНТРОВЕРЗАТА СО ПРОПАЛЕСТИНСКИТЕ НАСТАПИ НА ФЕСТИВАЛОТАмериканската кураторка последователно доби огромна поддршка од германската и меѓународната кинематографија, а персоналот на Берлинале, врвните режисери и директорите на најголемите светски филмски фестивали потпишаа отворени писма со кои побараа Татл да остане на функцијата. (Фото: ДПА)

    Триша Татл ќе остане директорка на филмскиот фестивал Берлинале откако се согласи на плановите за Советодавен совет и Кодекс на однесување против антисемитизам, изјави денеска германскиот државен министер за култура.

    По состанокот на Надзорниот одбор во Канцеларијата на Берлин, Волфрам Вајмер потврди дека Татл ќе продолжи да го води Берлинале, еден од водечките филмски фестивали во светот покрај Кан и Венеција, со што се стави крај на повеќедневсните шпекулации за нејзината улога.

    Таблоидот „Билд“ минатата недела објави дека Татл ќе биде заменета откако Вајмер ги критикуваше настапите на пропалестинските активисти на фестивалот во февруари.

    Американската кураторка последователно доби огромна поддршка од германската и меѓународната кинематографија, а персоналот на Берлинале, врвните режисери и 32 директори на најголемите светски филмски фестивали потпишаа отворени писма со кои побараа Татл да остане на функцијата.

    Во меѓувреме, германскиот министер за култура Волфрам Вајмер јавно ја нагласи потребата од спречување на она што го опиша како „говор на омраза“ и „напади на активисти“ за време на фестивалските настани, сугерирајќи дека можеби ќе бидат потребни појасни упатства. Германската федерална влада обезбедува околу 40% од финансирањето на Берлиналето, со што е најголемиот јавен финансиер на фестивалот.

    Останува нејасно како би се имплементирал нов кодекс на однесување, почитувајќи ја уставната заштита на Германија за слобода на изразување. Ниту еден од гестовите или изјавите што ја предизвикаа контроверзноста – вклучително и истакнувањето палестински знамиња или носењето палестинска шамија-кефија – не го крши германскиот закон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира