УМЕТНИКОТ АЛИ СИНАНИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

    УМЕТНИКОТ АЛИ СИНАНИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА48-годишниот Синани е роден во Гостивар, а изминативе 25 години живее и работи во Швајцарија. (Фото: Албинфо, Швајцарија)

    Уметникот Али Синани е нов директор на Националната галерија на Северна Македонија (НГСМ), соопшти институцијата на нивната фејсбук страна. Тој доаѓа на местото на досегашната в. д. директорка Маја Неделковска-Брзанова.

    „По огласот за директор кој беше распишан пред скоро три месеци, за директор на Националната галерија на РС Македонија, со мандат од четири години, на 9 јули 2025 година е избран и именуван д-р Али Синани, за директор на Институцијата“, соопшти НГМ.

    Синани е роден во 1977 во Гостивар, а изминативе 25 години живее и работи во Швајцарија. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2002 година, педагошки оддел, сликарска насока во класата на проф. Рубенс Корубин. Магистерските студии ги завршил на истиот факултет во 2009, во класата на д-р Антони Мазневски.

    Од 2000 живее и работи во Швајцарија, каде што држи предавања во своето „Студио Арте“ во Сент Гален. Од 2012  продолжил со докторат во Нови Пазар – Србија. Во 2018 ја претставувал Швајцарија на  меѓународната изложба „Сон и реалност“ во Лувр во Париз.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира