Валентино Константиновски е нов претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Константиновски доаѓа на местото на проф. д-р Мишко Ралев, а мандатот му трае три години.
За членови на Управниот одбор се избрани Михајло Зиновски (потпретседател), Билјана Насковиќ-Спирокоска, Филип Марјановиќ, Ива Петрунова, Методи Хаџи Андов и Марија Димитриевска-Цилакова.
Константиновски дипломирал во 1990 на Архитектонскиот факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на тема „Архитектонски факултет“ под менторство на проф. Димитрие Гулабовски.
Веднаш по дипломирањето се вработил во работната организација за проектирање и изведба на ентериери „Бујото“, каде работи до 1992 кога преминува во претпријатието „Техника“, од каде се префрлува во проектантското биро „Инженеринг – Инвест“ во Скопје. Во 1994 се здружил уште со четири архитекти и го основаат проектантското биро „Е.Т.А.П.А“. Постојан член е на Асоцијацијата на архитектите на Македонија.