ВО ЧИФТЕ АМАМ СЕ ОТВОРА ИЗЛОЖБА НА ОТКУПЕНИ И ПОДАРЕНИ ДЕЛА НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА ОД ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ

    ВО ЧИФТЕ АМАМ СЕ ОТВОРА ИЗЛОЖБА НА ОТКУПЕНИ И ПОДАРЕНИ ДЕЛА НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА ОД ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИКустос на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос, и соработник кустосот Владимир Таневски; - Постерот на изложбата.

    „Аквизиции и донации (2014 – 2024)“ е насловена групната изложба која ќе се отвори утре (19 јуни) во 20 часот во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ). Изложбата содржи избор од откупените и подарени дела на колекцијата на Националната галерија во период од 10 години и е всушност прва изложба од овој тип во рамките на активностите на галеријата. Кустос на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос, и соработник кустосот Владимир Таневски.

    „Претставувањето на аквизициите и донациите е редовна пракса во светските музеи, со што се постигнува поголема видливост на колекциите, запознавањето на јавноста со делата и авторите, со што секако се допира и едукативниот сегмент на презентацијата.

    Притоа, една од потребите за реализација на ваков проект и вид на презентирање е содржана во основата на визијата и мисијата на музејското работење – собирање, чување, истражување, заштита, презентација и публикација на музејскиот материјал. Музеите како чувари на културното богатство на делата прибавени по пат на откупи и добиени како подароци од авторите, се воедно и рефлексија на тековната уметничка практика“, велат кураторите.

    Како издвоен дел од оваа селекција, ќе бидат изложени и уметнички слики од легатот на Лазар Личеноски, кој зад себе остави големо наследство, движно и недвижно.

    Изложбата ќе биде отворена до 31 јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира