12 КАМИЛИ ИСФРЛЕНИ ОД ИЗБОР НА УБАВИНА ОТКАКО ИМ СТАВИЛЕ БОТОКС

    12 КАМИЛИ ИСФРЛЕНИ ОД ИЗБОР НА УБАВИНА ОТКАКО ИМ СТАВИЛЕ БОТОКСНаградниот фонд од 3,7 милиони долари мотивирал некои од учесниците да мамат (Фото: Гети)

    Дванаесет камили биле дисквалификувани од годишниот избор на убавина во Саудиска Арабија, откако било утврдено дека им бил вбризган ботокс за поатрактивен изглед.

    Властите решиле да ѝ дадат поголемо значење на оваа манифестација, преселувајќи ја од пустина во предградие на главниот град Ријад, но наградниот фонд од 3,7 милиони долари мотивирал некои од учесниците да мамат.

    Како главни атрибути за убавината на камила се сметаат ушите и носот, но постојат строги правила дека не смеат да се коригираат усни или да се бричат одредени делови од телото.

    Оваа година, 12 камили биле исфрлени од натпреварувањето, откако еден ветеринар бил фатен како им прави пластични операции, давајќи им инјекции ботокс во неговата клиника.

    „Тие добиле ботокс во носот, усните, па дури и во вилицата. Тие изгледаа неприродно големи, како главите да им биле надувани“, кажа одгледувачот на камили Али ал-Мазруеи.

    Овој едномесечен фестивал е најголем на Блискиот Исток и во него учествуваат 30.000 камили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира