Актерот и музичар Џаред Лето стана првиот човек кој легално го искачил Емпаер стејт билдинг во Њујорк, која со своите 102 ката своевремено беше највисоката зграда на светот. Педесет и едногодишниот Лето се качувал по фасадата облечен во портокалов комбинезон, користејќи јажиња и узди.
Тој се решил на ваков предизвик за да ја промовира новата светска турнеја на неговиот рок бенд „30 секондс ту Марс“, која треба да почне во Аргентина во март 2024.
„Да бидам искрен, повеќе бев возбуден отколку уплашен. Но, беше многу, многу тешко, потешко одошто мислев дека ќе биде“, изјави Лето.
Заедно со антената и шилестиот врв, што Лето ги достигнал, Емпаер стејт билдинг е висок 443 метри.
„Стигнав до врвот и ја видов мајка ми на прозорот на 80. кат, што беше убаво изненадување“, кажа Лето.