АНГЛИЧАНЕЦ ПОТРОШИЛ 6.000 ФУНТИ ЗА ДА ОТСТРАНИ БАМБУС КОЈ НЕКОНТРОЛИРАНО РАСТЕЛ ОД РЕРНАТА ВО НЕГОВИОТ ДОМ

    АНГЛИЧАНЕЦ ПОТРОШИЛ 6.000 ФУНТИ ЗА ДА ОТСТРАНИ БАМБУС КОЈ НЕКОНТРОЛИРАНО РАСТЕЛ ОД РЕРНАТА ВО НЕГОВИОТ ДОМСтивен Невил се плаши дека ќе мора да копа под темелите на куќата за да го отстрани растението во целост (Фото: Телеграф)

    Седумдесет и тригодишен Англичанец се соочил со ужасна едногодишна битка против бамбусот кој неконтролирано растел од рерната во неговата куќа и го чинела 6.000 фунти за отстранување. Стивен Невил открил дека растението пораснало два метра во височина во неговата кујна кога се вратил од семеен одмор минатото лето.

    Невил засадил бамбус во својата градина пред една деценија, но инвазивното растение наскоро излегло од контрола и се проширило и во куќата. Пензионерот потрошил 6.000 фунти за да го отстрани непријателскиот бамбус од неговиот дом, но е загрижен дека ќе мора да копа во темелите на неговиот дом доколку проблемите продолжат.

    Една година по отстранувањето, бамбусот се вратил во рерната

    Го засадивме бамбусот во градината пред една деценија за да се подели соседната ограда. Откако почнал неконтролирано да расте, моравме да платиме 6.000 фунти за отстранувањето, што беше финансиски шок за малку бамбус што излегуваше од рерната“, изјави Невил.

    Една година по отстранувањето, бамбусот се вратил во рерната.

    Сагата трае веќе една година. Зачуден сум колку излегува од местото каде што беше рерната. Сега ќе треба да почекаме да видиме дали повторно ќе расте. Доколку се повтори, можеби ќе треба да копаме под темелите на куќата за да извлечеме нешто оттаму“, изјави Невил.

    Компанијата за инвазивни растенија „Енвиронет“ кажа дека во последните три години имаат 900-отстотно зголемување на побарувачката за работа поврзана со бамбус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира