БРОЈОТ НА НАСУКАНИ КИТОВИ НА ТАСМАНИЈА ПОРАСНА НА 470, РЕЧИСИ 400 ВЕЌЕ УМРЕЛЕ

    БРОЈОТ НА НАСУКАНИ КИТОВИ НА ТАСМАНИЈА ПОРАСНА НА 470, РЕЧИСИ 400 ВЕЌЕ УМРЕЛЕНе е познато што ги привлекло животните кон брегот (Фото: Гети)

    Австралиската сојузна држава Тасманија го бележи најголемото насукување на китови во својата историја откако уште животни се пронајдени во големата акција на спасување.

    Од понеделникот се откриени околу 470 китови насукани на западниот брег на Тасманија и сите од новооткриената група од 200 китови веќе се мртви, кажаа официјални лица. Тие се пронајдени десет километри подалеку во истиот залив.

    Досега вкупно умреле околу 380 китови.

    Спасувачите се во трка со времето да ги извлечат преостанатите живи китови од плитките води. Дел од претходно спасените 25 китови повторно се насукале откако биле повлечени од силната плима.

    Експертите велат дека ова е еден од најголемите настани од ваков тип на глобално ниво.

    „Многу сме разочарани од бројката на умрени китови. Спасувачите се надеваат дека денеска ќе успеат да одвлечат повеќе китови кон подлабоките води“, изјави Ник Дека, шефот на Службата за паркови и див свет на Тасманија.

    Не е познато што ги привлекло животните кон брегот, но научниците велат дека овој вид на китови има силни социјални врски. Тие можат да пораснат до седум метри и да тежат до три тони.

    Над 80% од насукувањата на китови во Австралија се случуваат на Тасманија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира