„ЕДЕН НА ЕДЕН“ ОДБЕЛЕЖА ЕДНА ГОДИНА ПАРТНЕРСТВО СО ЊУЈОРШКАТА АГЕНЦИЈА „TBWA“

    „ЕДЕН НА ЕДЕН“ ОДБЕЛЕЖА ЕДНА ГОДИНА ПАРТНЕРСТВО СО ЊУЈОРШКАТА АГЕНЦИЈА „TBWA“Јубилејот се совпаѓа со 10-годишнината од постоењето на „Еден на еден“. Агенцијата е добитник на повеќе меѓународни награди за своите кампањи.

    Маркетинг агенцијата „Еден на еден“ одбележа една година стратешкото партнерство со њујоршката агенција „TBWA“, преку нејзината подружница за Западен Балкан, „Luna/TBWA“. Договорот имаше за цел остварување стратешка соработка на македонскиот пазар и менаџментот од двете страни не го крие задоволството од изминатиот период.

    Дали Бунгиќ, директорката на „Luna/TBWA“

    „Со Жарко од ‘Еден на еден‘ се знаеме подолго време. Следејќи го нивниот развој, бевме среќни што станаа наш партнер за Северна Македонија во моментот кога се роди потреба за тоа. ‘Еден на еден‘ е одлична и сериозна организација која ги задоволува нашите критериуми, а тие се многу високи. Навистина се големи професионалци кои секогаш го испорачуваат она што ќе го ветат и се одлична група луѓе”, вели Дали Бунгиќ, директорката на „Luna/TBWA“ од Словенија.

    Милан Димитриоски, основачот на „Еден на еден“, додава:

    „Со договорот добивме комплетна поддршка од една од најсилните светски агенции и притоа ја задржавме независноста како важен параметар за наш натамошен развој. Соработката ќе продолжи уште позасилено во 2022”.

    Јубилејот се совпаѓа со 10-годишнината од постоењето на „Еден на еден“. Агенцијата е добитник на повеќе меѓународни награди за своите кампањи. Креативниот директор Жарко Димитриоски беше прогласен за претприемач на годината во Македонија во 2017, а во 2018 „Форбс“ го вброи меѓу 30-те највлијателни луѓе во Европа под 30 години од областа на медиумите и маркетингот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира